Добитник на лотарија од Индија размислува за селидба со семејството, му здодеале барањата на луѓето да им даде пари: „Посакувам да не победев“

Точка

27/09/2022

21:58

12.448

Големина на фонт

а а а

Добитник на лотарија од Индија објавил дека мора да се отсели од домот со семејството бидејќи не може повеќе да се одбрани од бројните барања за финансиска помош, поради кои зажалил што освоил пари.

Возачот Ануп од јужната држава Керала освоил 250 милиони рупии (околу 3 милиони евра) на државна лотарија претходно овој месец, пренесува „BBC“. Неколку дена подоцна тој објавил видео во кое бара од луѓето да престанат да го малтретираат него и неговото семејство.

„Посакувам да не победев“, вели Ануп, кој во видеото вели дека размислува за селидба за да го избегне огромното внимание од јавноста.

Тој доспеа на националните насловни страници откако освоил награда на лотарија, највисоката понудена во таа јужна држава. Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да отпатува за Малезија, откако ја скршил касичката-прасе на својот син.

Откако беше објавена веста за неговата победа, неговото семејство привлече големо внимание во медиумите.

„Бев пресреќен кога победив. Имаше луѓе и камери во домот и бевме среќни“.

Но, ситуацијата брзо излегла од контрола.


„Не можам да излезам од дома, не можам никаде да одам, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, се пожалил тој.

Ануп, кој ќе добие 150 милиони рупии по државниот данок, вели дека луѓето доаѓаат во неговиот дом секое утро.

„На сите можам да им кажам само дека сè уште не сум ги добил парите. Се чини дека никој не го разбира тоа, без разлика колку пати го кажувам“, вели тој.

Владата на Керала соопшти дека ќе организира еднодневна програма за обука за финансиски менаџмент за Ануп за да му помогне добро да ги искористи своите пари.