Урнебесна снимка од „борбата“ на Ким Кардашијан со претесниот фустан: На крајот успеала да „скокне“ во автомобилот

Точка

26/09/2022

22:21

10.936

Големина на фонт

а а а

Урнебесна снимка од афтер-забавата на Dolce&Gabbana во Милано покажува дека Ким Кардашијан се мачи да оди во премногу тесен фустан - од ситни чекори, до скокање нагоре и надолу по скали, а на крајот напомош дошле чуварите.

Ким Кардашијан последниве денови престојува во Милано, а по ревијата на Долче и Габана за афтер-забавата избрала тесен фустан со светки во кој едвај оди.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како ријалити ѕвездата едвај оди и скока по скалите.

На урнебесната снимка се гледа како Кардашијанката се мачи да чекори во тесната креација, а во еден момент може да се види придружба која ѝ доаѓа напомош и го држи нејзиниот фустан додека таа се качува по скалите.


Потоа може да се види како обезбедувањето и пријателите ѝ помагаат да „скокне“ во автомобилот и ја влечат за да можат да ја затворат вратата.

Видеото за кратко време собрало пет милиони прегледи, а многумина ја пофалиле посветеноста на Кардашијанката на нејзиниот изглед и покрај непрактичноста на облеката.

„Ким ќе направи сè за мода и морам да ја почитувам поради тоа“, гласи еден од пофалните коментари под објавата на ТикТок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг