ПЕТА бара да им се забрани секс и репродукција на мажите кои јадат месо

Точка

23/09/2022

19:53

3.921

Големина на фонт

а а а

„На мажите кои јадат месо треба да им се забранат сексуални односи“, објави организацијата за правата на животните ПЕТА (People for the Ethical Treatment of Animals).

Германската фракција на организацијата смета дека консумацијата на колбаси и шницли е „симптом на токсична машкост која води до распад на планетата Земја“.

Ги повикуваат жените на сексуален штрајк

Научното списание „PLOS One“ спровело истражување кое покажало дека мажите произведуваат 41 отсто повеќе штетни гасови од жените, во главно поради тоа што консумираат повеќе месо.

Поради ова откритие, ПЕТА ги повикува жените да „започнат сексуален штрајк за да го спасат светот“.


„Сите ги познаваме, тоа се татковци од предградија со пива и штипалки за месо во рацете кои стојат над колбаси од 70 центи на својата скара од 700 евра“, вели Даниел Кокс од ПЕТА Германија, обвинувајќи ги ваквите луѓе дека ја докажуваат својата машкост преку упадливата консумација на месо.

За работите да бидат полоши, организацијата исто така повикала на „голем данок на месото од 41 отсто“ за мажите, со цел да ја спасат планетата од глобално затоплување предизвикано од земјоделството.

„Сега постои научен доказ дека токсичната машкост ѝ штети на климата. Забраната за секс или репродукција за сите мажи кои јадат месо исто така би била целисходна во овој контекст“, додава Кокс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг