Столтенберг: Ја повикав Кина да изврши влијание врз Русија

Макфакс

22/09/2022

21:01

2.105

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека ја повикал Кина да изврши влијание врз Русија за да ја прекине војната во Украина.

„Се сретнав со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Ја повикав Кина да изврши влијание врз Русија за да се стави крај на војната во Украина. Ги покренав и прашањата за загриженост во НАТО за човековите права и Тајван. Подготвени сме да продолжиме со нашиот дијалог за глобално безбедност“ – напиша Столтенберг на Твитер.

Само еден ден претходно, Столтенберг рече дека соработката на Кина со Москва од почетокот на рускиот напад врз Украина и коментарите на Кина против проширувањето на НАТО покажуваат зошто западната одбранбена алијанса треба да го гледа Пекинг како безбедносен предизвик.

„Заклучокот е дека ова само ја зголемува важноста на сојузниците во НАТО да застанат заедно и да сфатат дека Кина е дел од безбедносните предизвици со кои треба да се соочиме денес и во иднина“ – рече Столтенберг во интервју за „Ројтерс“.

НАТО денеска ги осуди плановите на Русија за одржување референдуми во окупираните региони на Украина и ги повика сите земји да ги отфрлат, како што рече, „очигледните руски обиди за територијално освојување“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг