Блинкен: Стоп за непромислените нуклеарни закани

Макфакс

22/09/2022

18:56

938

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика сите членки на Советот за безбедност на ОН да испратат јасна порака дека „непромислените нуклеарни закани“ мора итно да се запрат.

Блинкен ова го изјави додека се обрати на седницата на Советот за безбедност на ОН за војната во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи со, како што рече, „нуклеарна уцена“.

Тој рече дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства доколку биде загрозен нејзиниот територијален интегритет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг