Витаминот Е е витамин растворлив во масти кој се наоѓа во многу намирници, масти и масла.
Исто така е и антиоксидант, супстанца која може да спречи оштетување на клетките и овозможува заштита од сериозни болести како срцеви заболувања и рак.
Телото не може да го произведе витаминот Е, па затоа е неопходно истиот да се надоместува преку исхрана.
Во продолжение, ова се најчестите 5 намирници кои во себе содржат витамин Е:
Бадемите се еден од најчестите извори на витамин Е, како и лешниците. Тие се исто така одлични извори на диетални влакна и полинезаситени масти кои се здрави за срцето.
Следен пат кога ќе посакате нешто крцкаво, посегнете по растителните семки. Семките од сончоглед се особено богати со витамин Е, а можете да ги додадете во бројни јадења како овесни снегулки, јогурт, салати и супи.
Бидејќи семките и јаткастите плодови содржат витамин Е, не е изненадување и дека нивните масла се подеднакво вредни за внимание.
Лиснатиот зеленчук е вкусен и преполн со витамин Е, а најдобра опција се спанаќот и блитвата кои нудат околу 2 милиграми витамин Е по половина шолја.
Авокадото е уште еден одличен извор на витамин Е кој нуди околу 4 милиграми на 100 грама. Другите хранливи материи во авокадото вклучуваат калиум, витамин К и рибофлавин. Исто така содржи влакна кои се од витално значење за здравото варење, намалување на холестеролот и одржување на нивото на шеќерот во крвта.