Советот за безбедност на ОН денеска за наводните злосторства на Русија во Украина

Макфакс

22/09/2022

09:18

2.123

Големина на фонт

а а а

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница посветена на наводните руски злосторства во Украина.

15-членото тело за таа тема ќе ги информира генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан.

Меѓу другите, на седницата ќе присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Ројтерс.

По Гутереш и Кан, ќе зборуваат претставниците на 15 земји-членки на Советот за безбедност, Украина, неколку европски земји меѓу кои и Белорусија, како и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел.

Советот за безбедност заседава еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти.

Тоа тело не можеше да преземе никакви значајни мерки во врска со војната во Украина бидејќи Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и има право на вето,пренесе Телеграф.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг