Ковачки: Ковачевски освен дезертер е и лажго, разобличен со факти

Макфакс

20/09/2022

12:26

1.776

Големина на фонт

а а а

„На чело на државата имаме премиер, кој е трајно неспособен. Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет. Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции“ рече денеска на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки вели дека „пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска.

„Прашањето е – Кога ја лажеше јавноста, тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН?“ прашува Ковачки.

Тој смета дека „дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН да ја извршува функцијата премиер“.