(Видео) 92-годишен дедо нокаутирал двајца „мангупи“ среде улица: Не можеле ни да претпостават дека се задеваат со поранешен боксер

Точка

19/09/2022

16:25

10.902

Големина на фонт

а а а

Неверојатна снимка од една улична тепачка ја обиколи цела планета.

Пред влезот на еден „Мекдоналдс“ во Велика Британија избила тепачка во која главна улога има поранешен 92-годишен боксер.

Неколку лица го нападнале дедото, не претпоставувајќи дека и тоа како бил подготвен да возврати на ударите.

Пресметката траела неколку минути, а виталниот старец успеал да нокаутира двајца напаѓачи. Во неколку наврати двајцата ги соборил и не се откажал. Му се допаднала борбата, па постојано се враќал „да ја заврши работата“.

На крајот снемал сила, па едно момче успеало да го собори, но за разлика од неговите ривали, дедото брзо застанал на нозе.

Една жена упорно се обидувала да ја прекине борбата, но дедото постојано ја тргал, сакал да им покаже на „мангупите“ со кого се задеваат.

Во описот на видеото кое ги „запали“ социјалните мрежи се наведува дека старецот има 92 години и дека порано професионално боксувал, но неговото име не е откриено.

Многу корисници на социјалните мрежи изразиле сомневање дека човекот е толку стар, бидејќи е неверојатно подвижен и силен за своите години.

Едно е сигурно – им одржал лекција на многу помладите од него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг