3 вечни правила на Далај Лама кои ќе ве заштитат од лошото во животот – тие носат среќа, мир и благосостојба

Точка

15/09/2022

19:20

12.547

Големина на фонт

а а а

Далај Лама има едноставни правила за среќен живот кои штитат од негативни работи.

Далај Лама истакнува дека од материјалниот свет исклучителна е поважна состојбата на духот. Тој себеси се смета за обичен будистички монах и живее едноставен живот – се буди во 4 наутро, медитира, се моли и следи строг распоред на официјални состаноци.

Во неговата филозофија најважни се сочувствувањето и ненасилството.

Неговите правила за среќен живот се едноставни и како што тврди можат да ве заштитат од негативни работи.


Тој се придржува до овие три вечни правила:

1. Почитувајте се себеси!

2. Почитувајте ги другите!

3. Не избегнувајте ја одговорноста за своите постапки!

Кога ќе го почитувате своето битие всушност може да постигнете повеќе, да бидете посочувствителни, посреќни, нема да се мачите со негативните мисли одново или пак нема да се критикувате самите себе.

Исто така кога ги почитувате другите вие всушност заслужувате и почит од другите кон вас. Далај Лама истакнува дека сочувствителноста е тоа што ве спасува од бесот, зависта и стравот.


Сетете се на тоа кога бирате како да се однесувате кон другите.

„Бидете љубезни кога и да е можно, а тоа секогаш е можно“, вели Далај Лама.

Исто така неговата порака е секогаш да преземеме одговорност за своите постапки, особено кога се погрешни.

Човекот кој го прави тоа учи од грешките и се труди да стане најдобра верзија од себе. Кога ќе престанете да криете се околу себе за животот којшто не ви се допаѓа, тогаш ќе се освестите и ќе живеете како што треба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг