„Не можеме да чекаме“ - Клиниката за хематологија се приклучи на светската кампања

Точка

15/09/2022

17:19

9.780

Големина на фонт

а а а

„Не можеме да чекаме“ е годинешниот слоган на светската кампања за подигнување на свесноста на населението за малигното заболување лимфом, која почнува на 15 септември, а во која се вклучува и Универзитетска клиника за Хематологија.

Целта на кампањата „Не можеме да чекаме“ е да апелира до јавноста, навреме да ги препознае симптомите на ова заболување затоа што раното дијагностицирање на лимфомот значи можност за живот и излекување.

Лимфом е малигна болест на имуниот ситем, која во последните две децении бележи зголемен број на заболени во светот, но и во земјава. Во светот на секои 90 секунди се дијагностицира по еден нов случај со лимфом.


Кампањата „Не можеме да чекаме“ праќа три многу важни пораки: првата е дека јавноста треба да се грижи за своето здравје и навреме да ги препознае симптомите, второ, навреме да се дијагностиција болеста и трето, навреме да се почне со третман, затоа што поради сериозноста на болеста лицата со лимфом немаат време да чекаат.

 Од Клиниката за хематологија велат дека бројот на откриени случаи на лимфом во земјава опаднал за дури за 38 проценти за последните две години, пандемијата од Ковид-19 влијаела и на третманот и на дијагностицирањето на лимфомите.


Директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис вели дека една од најважните пораки на кампањата „Не можеме да чекаме“, е информирањето на граѓаните, да ги препознаат симптомите и да побараат навреме помош од лекар.

Универзитетска клиника за хематологија, заедно со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во интерес на пациентите, со цел да се скрати времето на дијагностика, да се приближат дел од дијагностичките методи до местото на живеење на пациентите, работат на проект со кој ќе мапираат здравствени капацитети за рана дијагностика на лимфоми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг