Медиумите „знаат“ кој може да го наследи Алегри на клупата на Јувентус

Дерби

15/09/2022

16:53

2.811

Големина на фонт

а а а

Јувентус претрпе незгоден пораз од Бенфика (2-1) во Лигата на шампионите, пораз по кој дефинитивно се зголеми притисокот кон тренерот Масимилијано Алегри.

„Старата дама“ има само две победи во Серија А по шест кола, додека во ЛШ ги загуби двата меча и сето ова придонесува за гнев кај навивачите кои веќе бараат Алегри да си замине. Самиот стручњак пак во овој момент не размислува за оставка и смета дека може да пронајде решение за да резултатите се подобрат, меѓеутоа ако не ја победи и Монца тогаш дефинитивно се ќе биде отворено околу неговата иднина.

Маедиумите на Апенините веќе почнаа да прогнозираат кој би можел да биде наследник на Макс, па така според „Спортмедијасет“ прв кандидат е Роберто Де Ѕерби. Де Ѕерби некое време е без работа откако го напушти Шахтјор Доњецк, изминатиов период се поврзуваше со Болоња која реши да ја одбие поради почит кон Синиша Михајловиќ.

Премиерлигашот Брајтон е исто така опција за него, но ако Јувентус се јави јасно е кој ќе има приоритет.

Роберто е опција која е прифатлива за Јувентус на финансиски план, ама прашање е што ќе биде со Алегри кој е врзан до 2025 година и има договор според кој заработува 7,5 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг