Лукас му одговори на Чави и го потсети што е најважно во фудбалот

Дерби

14/09/2022

15:31

2.907

Големина на фонт

а а а

Лукас Ернандес беше стрелец на првиот гол на големото дерби меѓу Баерн и Барселона, кој се покажа како многу важен за натамошниот тек на натперварот.

Дефанзивецот на Баерн ја искористи летаргичноста во одбраната на Барса и постигна гол со глава од непосредна близина, погодок кој емотивно го прослави пред навивачите на главната трибина.

После тоа, следеше уште еден гол од Сане и Баерн оствари петта победа во низа над Барса, која според Чави Ернандес била крајно незаслужена поради виденото и прикажаното на теренот.

Со овој став на Чави не се согласува Лукас, кој го потсети тренерот на Барселона што е она што се брои во фудбалот.

– Секој може да гледа како сака, но на крајот од краиштата, резултатот е оној кој е. Како може еден тим да не прими гол и да не ја заслужи победата? Барселона играше на врвно ниво, но она што се брои на крај е постигнатите голови. Тие не беа точни во најважната статистика, а ние постигнавме два, – изјави Лукас, кој пораади повреда на адукторот во самата завршница, ќе мора да паузира околу 6 седмици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг