(Видео) Мицкоски: Уставот нема да се менува, тоа ви ветувам, а за власта – ајде на референдум

Макфакс

08/09/2022

21:44

2.468

Големина на фонт

а а а

„Пред искушение се наоѓаме денес кога треба народот да одлучува на референдум за или против договорот со Бугарија, за укинување или одобрување на националната асимилација. И тука сакам да отцртам повеќе јасни позиции на ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е изворот, темелот врз кој Бугарската држава ја гради својата ригидна и негаторска политика кон нашата Македонија. Впрочем не случајно кон овој договор се повикува и протоколот кој неодамна се усвои, како и членот 5 од преговарачката рамка“ порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Првата годишна конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ што попладнево се одржа во демирхисарското село Смилево.

Мицкоски рече „сите оние кои прашуваат зошто преговарачката рамка не се спори, зошто францускиот предлог не се условно наречено не се збори наместо договорот, одговорот е дека најдобро е да се удри по корените на затруените дрво, а не по отровните плодови кои ќе се исушат ако го снема коренот. Истовременео почитувани пријатели мора да напоменеме дека во правото постојат и норми како се дефинира референдумското прашање кое мора да биде во надлежност на собранието, како што е законот за прогласување на Договорот за добрососедство, додека преговарачката рамка е условно наречено францускиот предлог е во надлежност на владата, што доколку и би била предмет на референдум таквиот предлог под изговорот кој го споменав на ненадлежност лесно ќе биде отфрлен“.

„Повторувам се што е во надлежност на Парламентот може Парламентот да го изгласа како референдумско прашање. И ова не го зборувам на памет. Долго време го испитувавме мислењето на народот, долго време правевме анкети изминативе недели. Што да направиме? Затоа што од договор може да се повлече само власт и влада, а опозиција може да организира Референдум и заедно со народот да го оспори тоа што ние го нарекуваме затруено дрво. Долго време меревме и можам денес со вас овде да споделам дека повеќе од 60% од Македонците и повеќе од 50% од нашите сограѓани се за Референдум и би излегле да гласаат на тој Референдум“ рече Мицкоски.

„Стојам пред вас по десети, петнаесети, дваесети пат, нека слушнат, Уставот нема да се менува. Без разлика каков ќе биде резултатот, иако јас верувам во мојот народ, иако јас верувам во моите сограѓани дека ќе излезат масовно и ќе гласаат за напуштање на овој асимилаторски договор. Ви велам најотворено и најискрено, нема менување на Преамбулата затоа што не го заслужиле тоа“ порача Мицкоски.