Откако попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме кое предизвика штети, градоначалничката на градот Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.
„По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје“, пишува во соопштението на Град Скопје.
Според центарот за управување со кризи, граѓаните на телефон 112 пријавиле паднати дрвја, откорнати покриви, заглавени возила, поплавени дворови и простории, а од ЦУК велат дека дојавите на најбрз можен начин се пренесуваат до надлежните служби.