НАСА на својот профил на Твитер објавила аудиоснимка од вселената. Снимката претставува звучни бранови кои брануваат низ гас и плазма во кластер оддалечен 250 милиони светлосни години од Земјата.
„Претпоставката дека нема звук во вселената произлегува од фактот дека поголемиот дел од просторот е вакуум, кој не обезбедува начин за патување на звучните бранови. Во јатото галаксии има толку многу гас што успеавме да фатиме вистински звук. Тука е засилен и помешан со други податоци за да се слушне црната дупка“, велат од НАСА.
Таканаречената сонификација се разликувала од претходните напори кои се свеле на преведување на астрономски податоци во звук. Овој пат во звукот се преведувале звучни бранови кои научниците ги забележале.
НАСА објаснила дека тие звучни бранови потоа се ресинтетизирани во звуци кои човекот може да ги слушне. Забележаните тонови се зголемени за 57 или 58 октави и не се репродуцирани со помош на виолина или други инструменти.