Експерт открива: 4 работи кои ги прават паровите кои имаат одлични интимни односи

Точка

19/08/2022

18:45

19.858

Големина на фонт

а а а

Доколку сте долго време во врска, можеби ќе почнете да чувствувате како страста во кревет полека умира.

Умирањето на страста во кревет не мора нужно да се случи во долгите врски, а експертот за интимни односи, Натасија Милер, открила четири работи кои ги прават паровите кои имаат одличен сексуален живот, пренесува „The Sun“.


Нејзиниот прв совет бил тоа што партнерите треба да разговараат за интимните односи. Таа вели дека паровите кои имаат успешен интимен живот разговараат еден со друг за тоа што сакаат и што ги задоволува.

„Овој разговор за многумина може да биде непријатен, но ќе видите колку може да помогне следен пат кога ќе легнете со вашиот партнер во кревет“, советува таа.

Нејзиниот следен совет е паровите да поминуваат квалитетно време еден со друг и да одвојат 20 минути дневно за галење. Времето во кое сте еден покрај друг создава поголема интимност, што на крај доведува до подобар интимен однос.


Исто така, за здрав интимен однос многу е корисно секојдневно да се бакнувате со партнерот и да му кажувате колку го сакате, но тоа навистина да го чувствувате.

Нејзиниот најконтроверзен совет е да одредите приоритет и да закажете интимен однос. Таа тврди дека закажувањето интимен однос создава слатко исчекување кое навистина може да дојде како „шлаг на тортата“ по секојдневните обврски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг