Втор случај на мајмунска сипаница во Црна Гора

Макфакс

19/08/2022

16:06

3.576

Големина на фонт

а а а

Втор случај на мајмунска сипаница е регистриран во Црна Гора, а пациентот е во добра општа состојба, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје изјавија дека овој случај не е епидемиолошки поврзан со претходно регистриран пациент.

Спроведени се сите неопходни антиепидемиски мерки за пациентот и неговите контакти, со цел спречување и сузбивање на ширењето на заразната болест“, посочуваат од Институтот.

Известени се сите надлежни институции, согласно националните и меѓународните протоколи.

Институтот потсети дека мајмунските сипаници, кои обично траат две до четири недели, започнуваат со покачена телесна температура, болки во мускулите, замор и главоболка, а може да се јават и болки во грлото и кашлица.

Може да дојде до зголемување на лимфните јазли или лимфаденопатија.

Од еден до три дена, понекогаш и подолго, по почетокот на треската кај пациентот се јавува осип кој поминува низ фазите на макули, папули, везикули, пустули и красти, кои на крајот паѓаат, пренесе Блиц.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг