Финската премиерка по "парти-скандалот": Подготвена сум да направам тест за дрога

Точка

18/08/2022

18:05

2.124

Големина на фонт

а а а

Финската премиерка Сана Марин, која се нашла во центарот на скандал откако се појавила снимка од неа како танцува и пее на една забава, изјавила дека е подготвена да се тестира за дрога ако е потребно.

„Немам што да кријам“

Снимката предизвикала бројни критики и повици за оставка, кои ги преплавиле социјалните мрежи, а финската опозиција и некои членови на парламентот бараат од неа да се тестира за дрога.

"Прашок-банда"

„Немам што да кријам. Никогаш не сум користела дрога“, одговорила премиерката, додавајќи дека не и јасно зошто се повикува да направи тест за дрога, бидејќи "не видела никакви докази дека нешто се користело".

Обвиненијата доаѓаат откако некои медиуми открила дека на една од видеата може да се слушне терминот "јаухојенги" или во слободен превод "прашок-банда", кој се однесува на консумирање кокаин.

„Снимките требаше да останат приватни“

Според премиерката, снимките се приватни, настанале во приватна резиденција и снимени се пред неколку недели. Сана Марин денеска за медиумите изјави дека била свесна дека ја снимаат, но мислела дека снимката ќе остане приватна. „Вознемирена сум што тие снимки станаа јавни. Се забавував со пријателите. Можеби гласно пеев и танцував“.

Потсетуваме, ова не е прв ексцес на премиерката. Фотографија на која позира на еден фестивал исто така предизвикала бурни реакции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг