(Фото) Европската комисија објави едукативна карта на Европа која го разбесни регионот: „Зарем на Балканот живеат само мечки?“

Точка

18/08/2022

12:02

11.788

Големина на фонт

а а а

По повод Интернационалниот ден на младите кој се одбележува на 12-ти август, Европската комисија објави карта на Европа која ги прикажува сите занимливости и карактеристики на државите.

„Убаво, разновидно и толку многу за откривање! Истражете ја Европа преку оваа илустрирана мапа од „EU Learning Corner“, место за ЕУ игри, загатки и материјали за учење за сите возрасти, на сите јазици од ЕУ“, стои во објавата на Фејсбук.

In the spirit of tomorrow’s International Youth Day, let’s play a game! 🎲


Can you find all of these icons on the map? ...

Posted by European Commission on Thursday, August 11, 2022

На едукативната карта може да се забележат бројни земји со нивните карактеристики, како Италија со илустрации од пица, скутер и Колосеумот, Романија со Дракула, Грција со Партенон и знамето на Олимписките игри итн.

Сепак, бројни корисници воочиле дека еден дел од картата останал речиси неисполнет и тоа на Балканот. Креаторите на картата го зазелениле подрачјето и додале илустрација на мечка и куче, а ваквиот потег предизвика бројни негативни коментари.

„Во повеќето земји од поранешна Југославија живеат само мечки?“, „Значи во земјите од Западен Балкан живеат само кучиња и мечки. Интересно, вистински европски вредности“, „На „Дивиот Западен Балкан“ ништо не може да се види ниту најде освен малку трева, мечка, куче и мост среде дивина“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг