Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Макфакс

17/08/2022

16:09

2.384

Големина на фонт

а а а

Алваро Мората не е многу заинтересиран да се пресели во Манчестер јунајтед ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Атлетико Мадрид.

Напаѓачот се врати во шпанскиот клуб откако ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, кој не ја искористи опцијата од 30 милиони фунти за трајно ангажирање на Шпанецот.

Мората му бил понуден на Ерик тен Хаг како опција за напаѓач, но Шпанецот призна дека е среќен на „Ванда Метрополитано“.

„Навистина сакам да играм овде, да работам и да се надградувам. Возбуден сум што сум дел од Атлетико Мадрид. Шпекулации за мојата иднина? Со тие работи се занимаваат медиумите, а јас само сакам да играм и да давам голови. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум овде и сакам да продолжам“, изјави Шпанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг