(Видео) Дете речиси 10 години ги молело родителите да му земат куче, кога го добило се расплакало од среќа

Точка

16/08/2022

21:32

10.944

Големина на фонт

а а а

Повеќето деца во текот на растењето мечтаат за тоа да имаат домашно милениче, но родителите се тие кои повеќе размислуваат и за обврските кои доаѓаат со тоа.

Едно дете по име Адам од својата 3-та година ги молело родителите да му земат куче. Кога процениле дека е доволно одговорен и зрел за таквата грижа, тие одлучиле да ја исполнат неговата желба.

Мајката на Адам, Сара Гримпо, ја објавила на ТикТок емотивната реакција на својот син на најслаткото изненадување.

Таа го снимала Адам како го отвора роденденскиот подарок кој се состоел од играчки за кучиња.

„Навистина? Ова се играчки за кучиња? Жал ми е, претпоставувам дека ќе ти треба куче“, му вели таа на видеото, а одзади му се приближува неговиот татко Тим со мало кученце во рацете.

„Мислам дека ќе се расплакам“, вели Адам на снимката откако го здогледува миленичето, а потоа започнува да плаче додека го гали по главата.

„Желбата му се исполни“, стои на крајот од видеото кое има над 42 милиони прегледи.

„И јас плачам“, „Ова е навистина најдобриот роденденски подарок“, коментирале луѓето откако ја погледнале снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг