(Фото) Однесени покриви, поплавени улици, паднати дрвја... Големо невреме со вртлог го погоди Неготино

Точка

16/08/2022

17:53

4.833

Големина на фонт

а а а

Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати Неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци.

Дождот кој врнеше со силен интензитет, за кратко време поплави неколку улици, а низ коловозите можеа да се забележат искршени гранки и паднати дрвја.


Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.


„Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и двапати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино“, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Силно невреме со интензивен пороен дожд и ветер го зафати Неготино...Поплавени улици' откорнати дрва...

Posted by КТВ-телевизија on Tuesday, August 16, 2022

Допрва ќе се проценува штетата која настана по ова невреме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг