Боја која прави да изгледате моќно и „скапо“: Оваа нијанса ќе биде ултимативен тренд во текот на есенската сезона

Точка

16/08/2022

16:32

8.387

Големина на фонт

а а а

Бојата наречена „cerulean“ е нијанса на сина која изгледа многу моќно, а според зборовите на модните експерти токму таа ќе биде тренди оваа есен.

Според предвидувањата на експертите, постудените месеци ќе ги одбележи специфичната нијанса на сина боја која полека, но сигурно ги освојува љубителите на модата.

„Cerulean“ е посебна нијанса на сина боја која веќе го доби вниманието, благодарение на претставувањето на новата колекција на модната куќа „Balenciaga“, а потоа стана актуелна кога Ким Кардашијан се појави во фустан на споменатиот бренд на оскаровската забава на „Vanity Fair“.


Оваа боја освен што е модерна, има моќ и да го подигне расположението, а со самото тоа е дел од трендот на „допаминскиот“ стил на облекување.

Иако нијансата „cerulean“ сè уште во целост не завладеа со модната сцена, досега не успеаја да ѝ одолеат бројните трендсетерки, а во продавниците на познатите модни брендови со леснотија ќе пронајдете бројни парчиња во оваа храбра нијанса на сина боја.





Спонзорирани линкови

Маркетинг