Дурент се јави со официјален став по шокантните гласини дека размислува за пензија

Дерби

16/08/2022

14:50

9.294

Големина на фонт

а а а

Иднината на Кевин Дурент во Бруклин веќе некое време се доведува во прашање, па се до рано утрово, големата НБА ѕвезда мудро молчеше и беше тивок за сите шпекулации кои кружеа во јавноста.

Угледните медиуми пренесоа дека ултиматумот кој го поставил Дурент до упрвата на Бруклин минал неуспешно, бидејќи газдата на клубот одбил да ги откачи тренерот Стив Неш и менаџерот Шон Маркс, што од кошаркарот било поставено како услов за да остане и наредната сезона.

По крајот на оваа епизода, последно се појавија гласини дека Дурент попрво ќе се пензионира отколку да почне нова сезона со Бруклин, франшиза со која му се загарантирани околу 200 милиони долари за договорот кој трае уште четири сезони.

Предизивкан од последните гласини, Дурент сега конечно се јави со свој став во јавноста, и тоа преку официјалниот Твитер профил со следната порака:

– Знам дека многу луѓе ќе им веруваат на неименувани извори, но ако некој сака да слушне, јас не планирам да се пензионирам во брзо време. Срањето станува комично кога ќе се дојде до оваа точка, – вели Дурент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг