Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвинил Вашингтон за одолговлекување на војната во Украина.
„Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидува да го продолжи овој судир“, рекол Путин, обраќајќи се на церемонијата на отворањето на безбедносната конференција во Москва.
?
— The Eurasianist ☦️ (@Russ_Warrior) August 16, 2022
President #Putin: "The situation in Ukraine shows that the United States is trying to prolong this conflict. They also act by inflaming the potential for conflict in Asia, Africa, and Latin America. pic.twitter.com/ZqGBw09Cmg
Вашингтон го користи народот во Украина како топовско месо, рекол тој, критикувајќи ги САД поради испораката на оружје во Киев.
Путин ги обвинил САД и за разгорување на тензии во Азија, опишувајќи ја посетата на Тајван на Ненси Пелоси како темелно планирана провокација.
Во говорот на московската конференција за безбедност Путин рекол и дека безбедносниот пакт "AUKUS", договорен меѓу Австралија, Британија и САД, е доказ за обид во азиско-пацифичкиот регион да се создаде блок по примерот на НАТО.
И додека западните влади ја осудуваат руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја империјално крадење на земја и се обидените во наметнувањето на низа санкции за Москва, Русија активно се додворува на земји од Азија, Африка и Латинска Америка, очекувајќи потесни трговски врски, продажба на оружје и визија на нов мултиполарен светски поредок.
Овомесечната посета на Ненси Пелоси на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, не било само патување на една неодговорна политичарка, туку дел од свесната стратегија на САД која има за цел да го дестабилизира и да посее хаос во регионот и во светот, рекол Путин.
„Истовремено гледаме дека Западот настојува да го прошири својот блоковски состав на азиско-пацифичкиот регион по примерот на НАТО во Европа. За тоа цел се формираат агресивни воено-политички сојузи како АУКАС и слични“, рекол Путин.