Ретко виден сеир уште во првата рунда: Постигна гол против Наполи, па го нокаутираше соиграчот при прославата

Дерби

16/08/2022

12:24

1.312

Големина на фонт

а а а

Лазања и Анри беше двоецот кој постигна два гола против Наполи, но тие беа едноставно недоволни за Верона која претрпе тежок пораз на домашен терен во првото коло.

Елиф Елмас и соиграчите постигнаа три гола во второто полувреме и на крајот „испукаа петарда“ во мрежата на домаќинот за победа од 2:5, но покрај возбудата и седумте гола на „Бентегоди“, видовме и ситуација која е навистина несекојдневна и урнебесна.

Анри одлично го испрати центаршутот за израмнување на 2:2 на стартот на вториот дел, но неговата еуфорична прослава донесе и бизарна повреда која ги насмеа фановите.

Напаѓачот на Верона го повреди својот соиграч Лазања, односно буквално му ја распара устата и го раскрвари со лактот кој му го зададе во лице.

Лазања мораше да добива лекарска интервенција од тимот на Верона, а најверојатно ќе мора да посети и стоматолог за да ја провери состојбата на неговите заби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг