Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Макфакс

16/08/2022

10:48

1.145

Големина на фонт

а а а

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша екс претседателот на САД на социјалните мрежи:

„За време на рацијата на ФБИ, ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.

Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.

„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.

Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.

Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.

Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг