Пејачката која во 80-тите години секој маж посакувал да биде со неа, денес изгледа вака: „Секогаш сакав да бидам лошо девојче“

Точка

16/08/2022

23:31

23.014

Големина на фонт

а а а

Во 80-тите години ги фасцинирала мажите со својата убавина, а се чини дека сега е целосно заборавена.

Пејачката Белинда Карлајл (63), ја стекнала славата како член на женскиот поп-бенд „The Go-Go’s“ за кој се смета дека е еден од најубавите женски бендови на сите времиња и прва група чии членови пишувале свои песни и свиреле свои инструменти.

По распадот на групата во 1985 година, Белинда започнала успешна соло кариера со хитовите „Mad About You“, „Heaven Is a Place on Earth“, „I Get Weak“, „Circle in the Sand“, „Leave a Lihgt On“, „Summer Rain“.

Нејзиниот приватен живот го одбележале пороците и проблематичнотo однесување за што своевремено зборувала за „Гардијан“:

„По три децении зависност од кокаин, добро е што не сум мртва. Требаше да изгледам како фантом од опера, само со две дупки на лицето. Јас сакам да контрирам по природа и верувам дека мојата зависност беше последица на тоа. Секогаш сакав да бидам лошо девојче. Ги сакав филмовите со наркомани поради кои уште повеќе сакав да се дрогирам. Едноставно сум родена таква“, изјавила таа.

На 47 години таа престанала да се дрогира, пие и пуши и се посветила на медитацијата и будизмот.

Без оглед на разните кризи таа успеала да остане во брак со политичарот и филмски продуцент Морган Мејсон, веќе 35 години, а со него го има синот Џејмс.

Денес, Белинда е посветена на соло кариерата, таа и натаму настапува ширум светот и многу од луѓето ѝ се благодарни поради тоа што не се откажала од музиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг