Комунална тврди дека тие го исчистиле споменикот на Гоце Делчев, а не Бугарите кои му ставија бугарско знаме

Макфакс

15/08/2022

17:15

1.824

Големина на фонт

а а а

Јавното Претпријатие Комунална Хигиена ги оцени како невистинити објавите на, како што рече, извесни провокатори чии фотографии осамнаана интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Реакцијата следи откако бугарската фондација „Македонија“ стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила.

Од ЈП Комунална Хигиена коментираат дека овој споменик, како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.

„Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки“, велат од претпријатието.

Дополнително апелираат и повикуваат на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг