(Видео) Мајката на јутјуберката Кика која си го одзеде животот ја исклучија од програма во живо, откако го нападна Вучиќ: „Срам да ти е претседателе...“

Точка

15/08/2022

17:02

7.741

Големина на фонт

а а а

Мајката на починатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ била гостинка во програмата на телевизија „Пинк“, а откако ја нападнала владата, обвинителството и претседателот Александар Вуиќ, ѝ бил исклучен микрофонот, а разговорот бил прекинат.

Наташа Ѓукиќ, мајка на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ која почина на 21 декември минатата година, на 13 август била гостинка во емисијата „Ново утро“ на српската телевизија „Пинк“.

Водителката Јована Јеремиќ го започнала разговорот со Наташа, велејќи дека се сочувствува со нејзината болка и ѝ дозволила да зборува за смртта на нејзината ќерка.


Меѓутоа, сочувството некако исчезнало кога Ѓуќиќ ја обвинила владата, обвинителството и претседателот Александар Вучиќ за сè што се случило.

„Каква е оваа држава? Какво ни е обвинителството кога се обраќа преку медиумите? Срам да им е! Срам да ти е претседателе што го дозволуваш тоа“, кажала мајката на трагично починатата инфлуенсерка.

Водителката Јеремиќ веднаш ѝ одговорила дека „претседателот нема ништо со тоа“, а откако Ѓукиќ кажала: „Да ви кажам нешто, извинете“, веднаш ѝ бил исклучен микрофонот, а водителката продолжила:

„Ви благодарам многу, продолжуваме понатаму со програмата“.

Ваквиот потег на водителката и телевизија „Пинк“ предизвикал лавина негативни реакции на социјалните мрежи, а ја критикувале и очигледната цензура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг