Некогаш била вистинска убавица во Холивуд, но денес е друга личност: Скандалите ѝ го одбележале животот – го тепала своето момче, била уапсена...

Точка

15/08/2022

14:12

15.569

Големина на фонт

а а а

Актерката Хедер Локлир некогаш важела за омилена русокоса во Холивуд, вистинска ѕвезда на 90-те.

Меѓутоа, таа не се движела во „добро друштво“ и паднала под влијание на алкохол, направила бројни скандали за кои се зборува години наназад.

Актерката Хедер Локлир некогаш имала голема слава, била една од најатрактивните русокоси во Холивуд и сите сакале да бидат со неа – или како неа.


Нејзината блескава кариера била во најава затоа што таа блескала со талент и харизма. Сепак, животот ја однел во друга насока.

Лошите одлуки, неуспешните бракови и зависноста од разни супстанции ја фрлиле во пропаст.

Ја гледавме во неколку серии, а години наназад беше мета на новинарските наслови, благодарение на бизарните постапки. Имено, таа на своето момче се обидела да му го одгризе носот, за потоа да го претепа.

Од 1989 до 1993 година била во брак со тапанарот Томи Ли којшто подоцна се ожени со Памела Андерсон. Нивната врска била многу интригантна, биле во брак седум години, а по разводот актерката не тагувала многу.


Набрзо потоа се заљубила во Ричи Самброу. Венчавката се одржала во 1994 година во Париз, а подоцна ја добиле ќерката Ава. Актерката се развела во 2006 година, но со поранешниот сопруг останала во добри односи поради ќерката.

Во последно време започнала да привлекува внимание во јавноста поради своето однесување.

Со години се борела со зависност од алкохол, којшто ѝ донел големи проблеми. Актерката во неколку наврати го тепала својот вереник Крис Хејзер поради што морала да реагира полицијата. Парот успеал да ги надмине несогласувањата, благодарение на огромното трпение на нејзиниот вереник којшто ѝ помогнал да се извлече.


Во една прилика била уапсена откако со автомобил удрила во столб во близина на својот дом во Калифорнија, при што во автомобилот ѝ бил пронајден алкохол.

Хедер е зависна и од пластични операции, целосно го сменила својот изглед. Лицето ѝ е отечено и деформирано, од постојаниот ботокс. Многумина се прашуваат каде исчезнала онаа убавица каква што некогаш била.

Неодамна беше објавена веста дека Хедер се враќа на малите екрани, но и дека е загрижена поради тоа враќање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг