Волф: Секој ден мислам на Абу Даби

Макфакс

15/08/2022

11:55

22.091

Големина на фонт

а а а

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, призна дека се уште размислува за последната трка од минатогодишниот шампионат во Абу Даби.

Контроверзната одлука на тогашниот директор Мајкл Маси му овозможи на безбедносното возило да излезе во последниот круг, во кој Макс Ферстапен го престигна Луис Хамилтон и ја освои својата прва светска титула.

„Секој ден размислувам за Абу Даби. Се помирив со фактот дека Ферстапен е шампион, но имам проблем со начинот на кој се одвиваа работите, со основните принципи на фер-плејот“, изјави Волф.

Мерцедес првично поднесе жалба, но подоцна се откажа од неа. Мајкл Маси потпиша договор никогаш да не зборува за настаните од последниот круг, а подоцна ја напушти ФИА.

Волф истакнува дека има доверба во новото раководство на ФИА, предводено од Мохамед Бен Сулајем.

„Суштината е организацијата да биде отворена, секој да ја знае својата улога и да имаме добра комуникација. Тоа засега функционира, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, заклучи Волф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг