Одбива да го оперира носот и да користи ботокс: Додека другите актерки се подмладуваат, таа гордо ја носи титулата на најсексапилна жена

Точка

15/08/2022

23:44

20.534

Големина на фонт

а а а

48-годишната Пенелопе Круз изгледала одлично додека уживала, скокајќи од јахта во Медитеранското море во Италија.

Актерката помеѓу паузите од снимањето „скокнала“ до морето за да поужива во августовските денови, а друштво ѝ правеле децата и пријателите.

Се чини дека Пенелопе се забавувала, не обѕирајќи се на папараците кои вредно го фотографирале секој нејзин скок во вода.


Инаку познатата Шпанка е позната како дама која негува природен изглед и не се подложува на естетски корекции. Таа не вбризгува ботокс и филери, а со години ги игнорира советите да го „среди“ носот по хируршки пат.


Поради тоа што е природна на прагот на 50-те години, таа добива сè повеќе улоги во филмовите и е една од најбараните актерки на денешницата.

Нејзиниот сопруг Хавиер Бардем често говори дека Пенелопе е многу темпераментна и е една од најсексапилните жени на светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг