Познатата манекенка му возврати на хирургот кој детално објаснил што сè треба да коригира на нејзиното лице

Точка

13/08/2022

20:36

12.977

Големина на фонт

а а а

Познатиот супермодел, 57-годишната Паулина Поришкова, неодамна јавно му одговори на естетскиот хирург кој во објава на Инстаграм детално опишал сè што е „погрешно“ на нејзиното лице.

Поришкова вели дека сега неговата изјава е избришана.

„Ја пронајдов оваа фотографија која и претходно сум ја објавувала тука (и сум мислела дека на неа изгледам одлично), а која естетски хирург ја објавил на Инстаграм и детално расправал за тоа што треба да коригирам на себе“, вели Паулина.

„Оние здодевни продлабочувања под образите можат да се решат со филери, со ботокс можам да го „средам“ челото, тие брчки околу устата и неправилностите на мојот врат – сето тоа да се затегне и измазни со ласери“, додала манекенката.

„Кажано ми е дека моето лице треба да се „поправи“. Некако „тргнало наопаку“ со стареењето. Дали е чудно тогаш што повеќето од нас кои имаме средства, прибегнуваме кон третмани за да го поправиме она што нѝ е кажано дека не е добро?“, напишала Поришкова на Инстаграм и додала дека никој не треба да ѝ кажува на жената што треба да коригира на себе за да биде привлечна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг