Силбо „замеси“ 2,6 милиони евра приход – како поминаа други 4 познати прозводители на леб и печива

Точка

13/08/2022

15:34

54.746

Големина на фонт

а а а

Без субвенцирана и гарантирана цена на струјата и гасот граѓаните ќе плаќаат уште поскап леб, предупредуваат од пекарската индустрија. Без подршка од државата изборот им е или повисоки цени или клуч на врата. Тоа значи дека ако поскапат енергенсите повторно ќе се покачи и цената на лебот. Колку би било новото зголемување ќе си пресмета секоја компанија поединечно.

Цената на гасот во август е 100 проценти поголема отколку во јули. Цената на струјата достигна и до 500 евра за мегават-час. Сите зборуваат за растот на цената на лебот, а не кажуваат со колкави трошоци се соочуваат компаниите, а тие пак, ги зголемија цените на лебот само за 10 проценти. Владата мора да преземи мерки за да ги заштити компаниите од ценовните шокови на гасот и на струјата. Со вакви цени, ако производителите не ги зголемуваат цените на своите производи треба да стават клуч на врата – вели Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

И, Државниот завод за статистика излезе со податок дека лебот и житата заеднички постигнале раст на цена од 36,5 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани.

Цената на лебот, се зголеми за повеќе од 100 проценти.

Ржаниот леб на некои места се искачи до вртоглави 94 денари, а белиот на парчиња околу 60 денари. Дел од граѓаните велат дека трендот на раст на цените е неиздржлив, особено бидјеќи истото темпо не го следат платите и пензиите.

Пари ги објави финансиските резултати на 5 познати прозводители на леб и печива

Очекувано, најголем промет прави „Жито Лукс“ и таму граѓаните оставиле 16,9 милиони евра, но овој промет, и покрај растот на цените бил помал отколку во 2020 година кога компанијата успеала да направи добивка од 78.600 евра.

Најголем профит, минатата година прикажа „Диме“ од 400.000 евра, кој е повеќе од двојно од профитот остварен во 2020 година кога создал добивка од 180.000 евра. „Жито Скопје Силбо“ која е особено позната по своите пекари во Дебар Маало и во Аеродром лани имала профит од 289.000 евра и со тоа направила поголема добивка за околу 70.000 евра во однос на 2020 година. „Жито леб Охрид“ , пак лани успел да се извлече од лошата финансиска состојба во која западнал во 2020 година кога завршил со загуба од 276.000 евра и да направи добивка од 200.000 евра…

Но ајде да видиме колкав е просекот на вработени во овие пет компании

„Жито Лукс“ е лидер по број на вработени. Таму, пред пандемијата просечниот број на вработени изнесувал 364, а во 2021 се намалил на 340.

Кај „Специјал“, во 2019 година, работеле 232 лица, додека за време на пандемските години, или поконкретно 2021 година, бројот на работници го зголемил на 243.

„Диме“ во 2019 имал 201 вработен, а во 2021 просекот на вработени изнесувал 218.

„Жито леб Охрид“ од 293 лица во 2019, пораснал на 313 во 2021

„Жито Скопје Силбо“ кој имал 90 вработени во 2019, се намалила за 7 мина, и во 2021 просекот на вработени изнесува 83.

Извор: Pari.com.mk



Спонзорирани линкови

Маркетинг