Тој и семејството биле под постојани закани – Вилијан го напушти Коринтијанс

Макфакс

13/08/2022

13:28

2.439

Големина на фонт

а а а

Вилијан, поранешен бразилски репрезентативец, вчера донесе одлука да го напушти Коринтијанс откако тимот беше елиминиран во Копа Либертадорес од локалниот ривал Фламенго, а тој и членовите на неговото семејство добија смртни закани.

„Вилијан побара од нас да му го раскинеме договорот. Тажни сме што повеќе го немаме, а исто така и поради тоа што не помина се онака како што очекувавме. Но, мораме да ги задржиме оние кои се задоволни”, изјави претседателот на клубот Дуилио Монтеиро Алвеш.

Коринтијанс загуби пет од последните девет натпревари, а Вилијан играше во реваншот во средата кога бразилската екипа испадна во четврт-финалето на Копа Либертадорес.

„Секогаш кога Коринтијанс губеше, а јас не играв добро, моето семејство добиваше закани и навреди на социјалните мрежи – мојата сопруга, моите деца, а неодамна почнаа да ги напаѓаат и мојот татко, брат и сестра“, изјави Вилијан за „Глобо Еспорте“.

Бразилскиот интернационалец веќе се поврзуваше со враќање во Премиер лигата и тоа во екипата на Фулам.

Вилијан во кариерата играше во Анжи, Шахтјор, Челси, Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг