Лестер пред ангажман на првото летно засилување: 33 годишен голман доаѓа како слободен агент

Дерби

12/08/2022

10:50

1.269

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Лестер не се баш најзадоволни со трансфер политиката на клубот ова лето затоа што досега ниту еден играч не пристигнал на „Кинг Пауер“ стадионот.

Од друга страна, пак, клубот го напушти Каспер Шмајхел со што се формираше голема дупка меѓу стативите затоа што Лестер нема адекватна замена за одличниот дански голман.

На натпреварот против Брентфорд меѓу стативите беше 29 годишниот Дени Ворд кој според многумина нема доволно квалитети да брани стандардно за „лисиците“.

Сега, Брендан Роџерс ќе донесе нов голман откако бил постигнат договор со Алекс Смитис, кој во моментов е слободен агент по неговото заминување од Кардиф.

Голманот ќе потпише двегодишен договор со Лестер, а од она што може да се очекува е дека тој нема да биде прв избор на Роџерс со оглед на фактот дека досега немал ниту еден настап во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг