Долго бирал, па ја избрал 20 години помладата убавица: Често беа критикувани од јавноста поради 2 работи, но нивната љубов очигледно е посилна од сè

Точка

12/08/2022

23:35

20.756

Големина на фонт

а а а

Џејсон Стејтам го поминал викендот на шпански остров во друштво на својата прекрасна девојка Роузи Хантингтон-Вајтли и колегата Џоел Едгертон.

Познатиот холивудски актер Џејсон Стејтам го поминува слободното време најдобро што може, а друштво на островот во Шпанија му прават пријателите и вереницата.

Познатиот пар спасот од летните жештини го бара во морето, а актерот својата партнерка ја возел на џет-ски, па потоа уживале во впивањето на сончевите зраци на палубата од јахтата.


Манекенката ја покажала својата прекрасна фигура по раѓањето на ќерката Изабел, па во зелен едноделен костим за капење изгледала неверојатно, додека пак Џејсон ги криел своите мускули во црната маица со долги ракави.

На парот и нивните пријатели им се придружил и колегата на Џејсон, актерот Џоел Едгертон.

Инаку, парот често е на мета на критики поради две работи, но сепак тие докажале дека нивната љубов е поголем од кога и да е.


Имено, манекенката е неколку сантиметри повисока од Џејсон, а врз основа на тоа многумина со години ги исмевале, а освен тоа луѓето мислеле дека парот нема да успее и поради тоа што има голема разлика во годините меѓу нив. Меѓутоа, се случило спротивното и тие се среќни заедно повеќе од 10 години.

Нивната прва средба се случила на музичкиот фестивал Коачела во 2010 година, а шест месеци откако се запознале започнале да живеат заедно.

Џејсон во 2016 година ја запросил, а иако се верени веќе пет години, тие сепак не застанале пред олтар.


„Ние сме најдобри пријатели. Ме смее секој ден и имам чувство како пред него да не сум имала вистинско момче“, изјавила во една прилика Роузи.

Освен ќерката Изабел, парот веќе има петгодишен син – Џек.





Спонзорирани линкови

Маркетинг