(Видео) Либанец со сачмарка држи заложници во банка, не му ги даваат заштедените пари

Макфакс

11/08/2022

16:46

2.442

Големина на фонт

а а а

Разбеснет Либанец во Бејрут вооружен со сачмарка држи во заложништво вработени во банка во Бејрут, барајќи 200.000 долари на неговата замрзната банкарска сметка.

Вооружениот маж се заканил дека ќе се самозапали и испукал три предупредувачки истрели во Федералната банка на Бејрут, каде што се воведени ограничувања за повлекување поради тешката економска ситуација во земјата.

Мажот зел канистер со бензин и држи седум вработени како заложници во обид да дојде до неговите пари, за кои вели дека треба да ги плати болничките сметки на татко му.

„Побарал околу 200.000 долари што ги имал на сметката во банка, а кога вработениот одбил да му плати, почнал да вика дека неговите роднини се во болница. Потоа извадил пушка“ – рекол извор од обезбедувањето.

Неколку клиенти успеале да побегнат пред тој да им ја затвори вратата на другите, рекол изворот кој не можел да прецизира колку клиенти или вработени има во експозитурата.

Еден постар маж со сигурност е ослободен од банката поради неговата возраст, а владините преговарачи биле распоредени да започнат разговори со заложникот, соопшти тамошната полиција.

Либанските банки воведоа строги ограничувања за повлекување девизи, со што практично се бришат заштедите на многу Либанци.

Земјата се соочува со најтешката економска криза во нејзината модерна историја, во која три четвртини од населението е во сиромаштија, а вредноста на либанската фунта падна за повеќе од 90 отсто во однос на американскиот долар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг