(Видео) Лицето од Кичево сомнително на мајмунски сипаници одбива да се тестира: „Нема законска можност да се присили на тестирање“

Точка

11/08/2022

16:22

4.611

Големина на фонт

а а а

По вонредната седница за мајмунските сипаници, Комисијата за заразни болести порачува дека сè уште нема потврдено ниту еден позитивен случај.

„Резултати од првиот суспектен пациент се чекаат до крајот на неделата, простор за паника нема“, порача претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

„Ова не е нов ковид, апсолутно нема место за паника, не очекуваме драматичен развој и сериозно ширење на болеста. Не се работи за болест која лесно се пренесува, има простор и за тестирање и за изолирање и лоцирање на контактите. Бидете безбедни“, истакнува Петличковски.

Петличковски ја потврди информацијата за мигрантот хоспитализиран на Инфективната клиника дека по направеното тестирање се покажало дека лицето е негативно на болеста.

Петличковски признава дека од првиот сомнителен случај кај кичевецот, сè уште не е земен примерок за тестирање, бидејќи пациентот одбил да се тестира.

„Здравјето е колективна и индивудуална одговорност. Ова лице завчера се јавило на доктор и веднаш е поставено сомневање врз однос на клиничката слика. Понудено е тестирање. Тој не го прифатил тестирањето, по што се известени епидемиолошките служби во Битола и тие веднаш реагирале. Комуникација е воспоставена и со матичната лекарка. Епидемиологот од Битола двапати го посетил пациентот. Разговарано е и со членовите на неговата фамилија и објаснето е дека тестирањето е во интерес на сите, нема што да се крие. Побрзо добивање на резултатот ако е негативен на мајмунски сипаници, ќе го ослободи од сомневањето, ако е позитивен ќе не однесе побрзо да реагираме до контактите кои се евентуално загрозени“, вели Петличковски.

Нема законска можност лицето да се присили за тестирање бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но постои можност да се побара здравствен надзор, објасни портпаролот на комисијата, Злате Мехмедовиќ.