Вучиќ: Приштина подготвува ликвидација на нашиот народ под превезот на борба против криминалот

Макфакс

11/08/2022

15:35

3.966

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Приштина ја користи ситуацијата во Украина за да води кампања против Србија и дека е лага оти Србија сака да нападне некого, но токму спротивното – Приштина, истакнува тој, е таа што сака да го напаѓа северот на Косово и Метохија и подготвува ликвидација на нашиот народ под превезот на борбата против криминалот поради што ги предупреди да не го прават тоа.

Коментирајќи ја изјавата на Албин Курти дека Белград води агресивна политика заедно со обвинувањата дека Белград може да предизвика конфликт, Вучиќ рече дека тоа е малку смешно бидејќи веќе 170 дена слушаме слични лаги додавајќи дека во светот се објавени илјадници и илјадници лаги дека Србија некаде напаѓа некого.


„Знаете како оди, им велат – ајде повлечете ги полицајците, специјалците од Приштина од север, не праќајте ги на север, ние од НАТО ќе ги држиме под контрола, а вие ќе ги заштитите. Можеби на Вучиќ ќе му текне да го нападне Косово, Поморавле… Повлечете сè што имате кон Бујановац и Прешево… Како мали деца“, истакна Вучиќ.

„Со што се фалат? Интернет, оти не работат ништо друго, освен да разговараат на телефон… Која фабрика, што? И после измислуваат како Русија се обидува да направи нешто преку Белград… Што прави Русија, дали има врска со ова?“, праша Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ нагласи дека Приштина сака да ја прикрие својата намера, но, всушност, сака да каже дека сака да го нападне северот на Косово.

„Тие подготвуваат ликвидација на нашиот народ на север. Тоа го кажувам отворено. И ги предупредувам да не го прават тоа под превезот на борба против криминалот. Не убивајте луѓе. Ние не сакаме да убиеме никого. Ни треба мир и стабилност“, рече Вучиќ.


Тој потсети дека се зборувало оти Србија ќе води војна и во БиХ, што, се разбира, се покажало неточно.

„Го лажеа народот, постојано… Се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Украина за да поведат кампања против Србија. Тоа го прават веќе 170 дена и ќе продолжат да го прават“, рече Вучиќ.

Нема да се откажеме од нашето право и договор, вели тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг