„Дејли Мејл“: Пике има нова девојка – студентка, речиси двојно помлада од Шакира

Точка

11/08/2022

11:48

4.131

Големина на фонт

а а а

Жерар Пике наводно тајно се забавува со 23-годишната студентка за односи со јавноста, два месеци по раскинувањето со пејачката Шакира.

Во јуни беше објавено дека Шакира (45) и Пике (35) ја раскинале 11-годишната врска, а парот по тој повод издаде и соопштение.


Пике наводно започнал романса со Клара Чиа Марти, за која медиумите пренесуваат дека ја запознал додека таа работела во неговата продукциска куќа „Космос“.

Дејли Мејл“ пренесува дека во јавноста се зборува дека „тие двајца ја криеле својата врска, но сите околу нив знаеле што се случува“, и дека „избришани се профилите на Клара на социјалните мрежи, за да не можат да се пронајдат нејзини фотографии“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг