(Видео) Силни експлозии одекнуваат на Крим, чад на руската воена база

Точка

09/08/2022

17:50

4.268

Големина на фонт

а а а

Неколку експлозии се случиле во близина на Новофјодоривка на Крим, објавил денеска на "Телеграм" советникот на лидерот на Крим, Олег Крјучков.

„Засега можам да го потврдам само фактот дека имаше неколку експлозии во областа Новофјодоривка. Ги молам сите да ги почекаат официјалните извештаи и да не даваат свои верзии од настанот“, напишал Крјучков.

Лидерот на Крим, ,Сергеј Аксјонов, на "Телеграм" објавил дека отишол на местото на настанот, како и дека се истражуваат околностите на експлозијата.

Најмалку 12 експлозии се слушнале во рок од една минута, од кои три биле многу силни. Од насока на руската база допирал облак од густ чад. Во областа Новофјодоривка се наоѓа воена единица и воен аеродром.

Украинската војска навела дека е изведен досега најжесток удар на подрачјето под руска окупација.

„Утрово пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ“, рекол денеска Серхиј Клан, советник во воената администрација на регионот Херсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг