Пеевски до Мицкоски: Нема да има премиер што ќе оди против интересите на Софија, Бугарија направи голема работа

Макфакс

10/05/2024

13:21

4.113

Големина на фонт

а а а

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешно-политички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.

„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека „поразумен премиер“ се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од нејзиниот евроатлантски пат“ вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:


„Сакам да му се обратам на господинот Мицкоски – Нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со нејзината поддршка за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг