Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?

Дерби

09/08/2022

15:23

2.334

Големина на фонт

а а а

Адријано Галијани премногу долго е во светскиот фудбал и доживеа две комплетно различни ери како главен оперативец, бидејќи по успешната етапа во Милан во која беше десна рака на Силвио Берлускони, сега со истиот човек плови низ водите во модерниот фудбал.

Овојпат го прави тоа како извршен директор на Монца која оваа година имаше промоција во Серија А, натпреварување во кое ќе влезе со главна цел да опстане во првата натпреварувачка сезона.

Галијани не го крие тоа и потенцира дека сега неговата работа е далеку потешка од тоа што беше пред десетина години, бидејќи во овој актуелен фудбалски свет, најголемата моќ ја имаат агентите и клубовите од Премиер лигата.

– Во сегашно време, моќта е кај агентите. Фудбалот комплетно се промени, а тоа е така особено после воведувањето на ТВ правата за секој клуб.

– Еве ви една споредба. Англиските клубови земаат четири пати повеќе од клубовите во Серија А. Монца добива 33 милиони евра за ТВ права, а нов премиерлигаш во Англија добива 160 милиони евра. Како да се натпреваруваме и да се носиме со Нотингем Форест? Како можам да влијаам да се промени тоа? Едноставно не гледам како би се променило, – вели искусниот Галијани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг