(Фото/Видео) И за правење колачи и за вечерно излегување: Неодоливиот фустан на Џенифер Гарнер кој зрачи со романтика

Точка

09/08/2022

15:14

8.651

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка и омилена славна „слаткарка“ уште еднаш сите ги маѓепса без многу труд.

Џенифер Гарнер (50), мајка на три големи деца, поголемиот дел од работата низ домот сама ја завршува, сака да готви и цело време води многу успешна холивудска кариера.

Колку ужива во моментите што ги поминува во кујната, нејзините фанови имаат можност да видат на Инстаграм, каде Џенифер веќе некое време има свое, како што го нарече - „Кобајаги кулинарско шоу“.

Па така, имаме прилика да ја видиме како подготвува слатки задоволства за семејството, а неодамна покажа како прави вкусни мафини од јаболка.

За оваа прилика, Џенифер не носела престилка, туку лесен цветен фустан, кој го носи потписот на модната куќа „Celine“ и е направен од свила.

Се работи за романтичен и на прв поглед малку старински модел во бела боја, кој е сечен и набран под градите, од каде се шири и паѓа надолу. Кратките ракави и ефектниот В-изрез го прават да изгледа уште поубаво, а посебен „шмек“ на фустанот му дава впечатливиот дезен во вид на ситни жолти цветови.

Женствениот модел моментално чини 2.300 евра, а освен што во него готвела, Џенифер претходно нѝ покажа како уживала вака овлечена во својата градина, која изобилува со органски зеленчук.

„Летен поздрав од Џен“, порача актерката.

„Ова е моето омилено шоу за готвење“, „Оваа жена е убава и грациозна и кога оди да бере домати“, „Нема послатка жена во Холивуд“, „Чиста елеганција во секоја прилика“, се само дел од реакциите на фустанот на Џенифер, кој лесно можеме да го замислиме и како фустан за излегување на романтична вечера во текот на летото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг