(Видео) Без брашно, масло и дополнителен шеќер: Рецепт за кремаст колач со боровинки којшто ќе ве освежи за секунда

Точка

09/08/2022

15:03

21.240

Големина на фонт

а а а

Лесен летен колач кој ќе го направите за неколку минути, а потоа треба да почекате да се испече, додека низ вашиот дом се шири прекрасен мирис на боровинки.

Доколку сте во потрага по брз десерт којшто не е премногу благ, нема дополнителен шеќер и брзо освежува, овој брз домашен десерт е одличен избор за вас.

Убав на изглед, уште поубав под непцата, овој рецепт е нешто што едноставно мора да го пробате.

Состојки:

- 400 милилитри јогурт;
- 4 јајца;
- 4 лажици густин;
- 100 грама боровинки.


Подготовка:

Изматете ги јајцата со јогуртот, па додадете го густинот. Се добро измешајте, но ставете само 70 грама од боровинките.

Потоа прелијте ја смесата во калап за печење, обложен со хартија за печење и додадете ги останатиот дел од боровинките. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 55 минути.

Откако ќе се испече, покријте го колачот со проѕирна фолија и оставете да отстои во фрижидер најмалку два часа.

Погледнете како изгледа подготовката на овој колач:



Спонзорирани линкови

Маркетинг