Ремек-дело за кое зборува цела Франција: Играч на Генгам зафати нестварен полу-волеј од 35 метри

Дерби

09/08/2022

13:46

1.519

Големина на фонт

а а а

Генгам е на првото место во Лига 2 во Франција по две комплетирани рунди во втората лига, но лидерот на табелата е посебно актуелен изминативе два дена поради мајсторијата која стана хит во оваа земја.

Тимот со најдобар старт во францускиот фудбал победи на гостувањето кај Лавал со 1:2, а херој за гостите бил Жереми Ливолан кој постигнал гол за паметење.

Слободниот удар првично донесе ситуација за нафрлување во шеснаесетникот, но одбиената топка заврши на 35 метри од голот, по што следеше „торпедо“ од Ливолан.

Фудбалерот на Генгам зафати таканаречен полу-волеј и со тежок технички удар изрежира вистинска фудбалска магија, па уште во второто коло достави сериозна кандидатура за гол на сезоната во Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг