Богатството на една од најпознатите фонтани во Рим: Еве колку пари годишно носи секојдневното фрлање парички во неа и каде завршуваат тие

Точка

08/08/2022

13:15

10.633

Големина на фонт

а а а

Најголемата барокна фонтана во Рим е една од најпознатите на светот, а за неа се поврзуваат разни верувања.

Дневно во неа се фрлаат многу парички, а тоа што многумина се прашуваат е каде тие пари завршуваат.

Имено, доколку некогаш сте го посетиле Вечниот Град, мора да поминете и барем за момент да застанете пред најпознатата фонтана – Фонтаната ди Треви.

Таму сигурно сте виделе многу туристи, од кои голем број фрлаат парички во фонтаната, за среќа и враќање во Рим.

Ова е приказната за сите тие парички и нивната судбина


Градот го основале браќата Ромул и Рем и слободно можеме да го наречеме градот на фонтаните.

Имено, Рим вкупно има над две илјади фонтани, што е повеќе од било кој друг град во светот, од кои педесетина се оние кои се сметаат за вредни историски споменици.

Една од нив е Фонтаната на четири раце која ја изградил Бернини (како и половина од Рим) и Тритоновата фонтана, но ниту една не е славна и светски позната како фонтаната ди Треви.

Архитектот Никола Салви ја замислил и дизајнирал оваа фонтана која била довршена во 1762 година, 11 години по неговата смрт и по вкупно 30 години градење.

Ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим и веројатно најпозната на Земјата. Таа послужила и како место на многу од рекламите и филмовите.


По филмот „Три парички во фонтаната“ снимен во 1954 година, граѓаните и туристите почнале да фрлаат монети во фонтаната, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа, но фрлањето на парички таму започнало многу порано.

И претходно се верувало дека доколку испиете чаша вода од фонтаната, тоа носи среќа и повторно ќе го посетите Рим.

Со текот на времето оваа легенда се променила, па денес се верува дека среќата и враќањето во Рим ја носат токму фрлањето на монетите со десната рака преку левото рамо во фонтаната, додека со грбот сте свртени кон фонтаната.

Со оглед на тоа што количината на туристи секојдневно таму е сè поголема, сигурно ве интересира колку пари фонтаната „заработува“, како и кому му припаѓаат тие пари.


По договор со градот, паричките од фонтаната секојдневно ги собираат работниците на Каритас и ги користат за купување храна и помагање на сиромашните во Италија, но и во повеќе од 200 различни земји.

Каритас пред неколку години отворил и „low-cost“ супермаркет во италијанската престолнина за сиромашните граѓани, така што со секое фрлање евро во фонтаната всушност правите добро дело за оние кои немаат пари.

Просечно, дневно од фонтаната се извлекуваат околу 3 илјади евра, што значи дека фонтаната ди Треви годишно носи повеќе од милион евра.